Поранешниот ракометар на Еурофарм Пелистер, Вилсон Давајес, до крајот на сезоната ќе настапува во Франција, дознава 24Ракомет.
Давајес во Битола мина скоро две сезони, но не ги задоволи критериумите, па договорот кој траеше до летото 2024 беше спогодбено раскинат.
Португалскиот среден бек веднаш најде нов ангажман и до крајот на оваа сезона ќе ги брани боите на Шарт, некогашниот освојувач на турнирот во Струга.
На Шарт сезонава не му оди најдобро, има дури девет порази на 13 меча од францускиот шампионат, па со ангажманот на Давајес тренерот Небојша Стојиновиќ ќе добие уште една опција плус во ростерот.
Во овој клуб настапуваат Вања Илиќ, екс членот на Работнички и Металург, како и некогашниот ракометар на Вардар, Илија Абутовиќ.