Екс младинскиот репрезентативец „рипна во тавче“ – се ожени Филип Арсеновски (ФОТО)

Поранешниот младински репрезентативец на Македонија, Филип Арсеновски, му кажа збогум на ергенскиот живот.

Викендов тој се ожени со неговата избраничка Емилија Трајковска во Виена, а кум му беше средниот бек Марио Танкоски, со кој Арсеновски играше заедно во Металург.

Арсеновски беше дел од Вардар и од Металург, а по заминувањето од Автокоманда настапуваше за Еурофарм Пелистер 2.

Лани го имаше првото интернационално искуство во швајцарската Амичитија Цирих, пред летово да се врати во Македонија и да го облече дресот на Пролет.