После поранешниот десен бек на Охрид, Деан Шешиќ, кој го засили полскиот Азоти Пулави, уште еден ракометар што играше во македонскиот шампионат се сели во овој клуб.
Станува збор за десниот бек Гиорги Дикаминџија, кој чешкиот Ловосице го замени со полскиот Азоти Пулави.
Дикаминџија своевремено играше во Струга, која му беше прва станица во европската кариера по заминувањето од Грузија.
Грузиецот и Босанецот ќе му се придружат на голманот Зураби Цинцадзе, кој бранеше претходно за Прилеп и Охрид.
Дикаминџија по заминувањето од Македонија, играше во Данска, Исланд и во пониските лиги во Германија, а сега потпиша договор на една сезона во Полска.