Екс голман на Вардар се сели во Германија

Поранешниот чувар на мрежата на Вардар, Робен Кантегрел, од лето ќе има нов предизвик во кариерата.

Тој потпиша договор на две сезони со тимот на Елбфлоренц Дрезден, кој се натпреварува во Втората Бундес лига.

Кантегрел ќе игра во Германија најмалку до 2026 година, откако бранеше за тимот на Понто Комбо во последните две сезони.

Францускиот голман беше дел од Вардар во сезоната 2020/21, пред да се врати во татковината и да го засили Тулуз.

Потекнува од Нант, а во освен за Понто Комбо и Тулуз, пред да дојде во Вардар настапуваше и за Сесон Рен.