Поранешниот член на Прилеп и Охрид, Хасеим Рустамов, реши да остане во БиХ, но во следната сезона ќе има нов клуб.
Грузискиот репрезентативец од Искра Бугојно ќе се пресели во редовите на Слобода Тузла, која се натпреварува во босанската елита.
Рустамов откако го напушти Охрид настапуваше во прволигашот од Бугојно и во овој клуб одработи одлично.
Неговите одлични настапи беа проследени од страна на раководството на Слобода, па така двете страни веднаш се договорија на соработка.
Слобода Тузла пред извесен период го ангажираше и голманот Берин Бркиќ, кој во изминатата сезона беше дел од Охрид.