Поранешниот член на Охрид, Филип Кривокапиќ, доби големо признание во својата татковина.
Средниот бек, кој во првиот дел од сезоната имаше одлични настапи во црногорскиот шампионат и во Лигата на Европа, заслужено ја доби наградата за најдобар ракометар во Црна Гора за 2023.
Кривокапиќ дресот на Охрид го носеше три сезони, моментално е член на црногорскиот шампион Ловќен.
Кај дамите, наградата за најдобра ракометарка за 2023 година ја доби левото крило на Будуќност, Ивона Павичевиќ.
Репрезентативната колешка на Павичевиќ, кружниот напаѓач Татјана Брновиќ, го понесе епитетот најдобра црногорска ракометарка која настапува во странство.
Брновиќ на почетокот на оваа сезона од Брест Бретањ направи трансфер во Крим Меркатор, клуб во кој тренер е екс селекторот на Црна Гора, Драган Аџиќ.
Несудениот пелистерец Милош Вујовиќ е најдобар црногорски ракометар кој настапува во странство, додека Илија Рафајловиќ го доби признанието за најдобар млад ракометар.
Членката на Рудар, Нина Рамусовиќ, е најдобра млада ракометарка во Црна Гора за оваа година.