Некогашен пелистерец би можел да заигра за Кил

Кубанецот Реине Табоада, ракометар кој дел од својата кариера ја мина во Еурофарм Пелистер, би можел да биде нов член на Кил.

Според пишувањата на реномираниот дански портал „хендболтрансфер.дк“ искусниот член на Фредериција бил во преговори со бундеслигашот.

За Табоада, кој во иднина ќе го носи дресот на машката репрезентација на Холандија, можното преселување во дресот на „зебрите“ би бил трансфер од соништата.

Кубанецот во Еурофарм Пелистер играше во сезона 2021/22 и беше еден од лидерите во битолскиот тим.

Табоада и Фредериција утре ќе играат токму против македонскиот шампион во рамки од 8. коло од европската елита.

Еурофарм Пелистер на првиот натпревар во Оденсе беше подобар, триумфираше со два гола разлика, 25:23.