Екс бекот на Вардар и Металург не е во комбинација за ЕП – Шола „прецрта“ уште тројца

Селекторот на Црна Гора, Владо Шола, го скрати списокот за уште тројца ракометари и сега остануваат 18 во комбинација за настап на ЕП.

Шола не смета на некогашниот среден бек на Вардар и Металург, Стеван Вујовиќ, голманот Филип Борозан, како и пивотот Миодраг Ќорсовиќ.

Црна Гора ќе биде дел од „Кроација Куп“ во Пореч, каде ќе игра пријателски натпревари против селекциите на Хрватска и Словенија.

Црногорците се во тешка, но и израмнета група на Европското првенство и ќе играат против Србија, Унгарија и Исланд.

На првиот пријателски натпревар пред континенталниот собир загубија од селекцијата на Македонија со 54-51 по 90 минути игра.