ЕХФ потврди: Македонија од прв шешир ја чека ждрепката за СП 2025

Европската ракометна федерација (ЕХФ) денес ги потврди шеширите за баражот за Светското првенство 2025, кое ќе се игра во Хрватска, Данска и Норвешка.

Репрезентацијата на Македонија, која на континенталниот собир во Германија со победата над Швајцарија го освои третото место во својата група, ќе биде носител пред ждрепката за вториот бараж двомеч, во кој нашата репрезентација е веќе пласирана.

Таму ќе има 11 двојки, од кои победниците ќе се пласираат на Мундијалот во Данска, Норвешка и Хрватска во јануари 2025 година.

Натпреварите од првиот бараж се на програмата во март, додека оние од вториот бараж што ќе ги игра и Македонија ќе се играат во мај.

Ждрепката за Мундијалот во 2025 година ќе се одржи овој месец, односно на 27 јануари.

Ждрепка за СП 2025, бараж 2:

шешир 1: Македонија, Шпанија, Црна Гора, Полска, Чешка, + шест репрезентации што ќе се пласираат од 3-12 место на ЕП, а досега не обезбедиле билет за СП

шешир 2: *Словачка/ Израел, Естонија/Украина, Финска/Литванија, Белгија/Италија, Босна и Херцеговина, Србија, Грција, Фарски Острови, Швајцарија, Романија, Грузија