Match opening, France vs North Macedonia, Men's EHF EURO 2024 Germany, Dusseldorf, Germany, 10.01.2024, Mandatory Credit © Uros Hocevar / kolektiff

ЕХФ потврди: Македонија испиша историја – играше против Франција пред 53.586 гледачи!

Машката ракометна репрезентација по денешниот натпревар против Франција влезе во ракометната историја.

Европската ракометна федерација (ЕХФ) потврди дека премиерниот натпревар на Европското првенство помеѓу Македонија и Франција го следеле рекордни 53.586 гледачи.

Германија и „Меркур Шпил Арената“ влегоа во ракометните анали. Адаптацијата на стадионот во Диселдорф во ракометна Арена се покажа како вистински погодок, а рекордната бројка останува запишана во историјата.

За половина час се очекува експлозија во Арената, бидејќи домаќинот Германија ќе го одигра својот прв натпревар на континенталниот собир против репрезентацијата на Швајцарија.

Македонија во второто коло ќе се соочи токму со домашната репрезентација, потоа за последен ривал во групната фаза ќе игра против Шмид и колегите.

Очекуван пораз за старт на ЕП: Моќната Франција ги освои бодовите против Македонија

 

Лазаров: Франција не заслужи да победи со десет гола