Норвешкиот среден бек Стине Офтедал Дамке и данскиот голман Емил Нилсен се прогласени за „најкорисни играчи“ во сезоната 2023/24 на ЕХФ Excellence Awards 2024 во Виена што се одржа вечерва. Двајцата МВП беа избрани од потесната листа објавена во септември, во која беа вклучени и Клое Валентини и Лајн Хаугстед во женска конкуренцјијаа, како и Дика Мем и Магнус Саугструп во машка конкуренција.
Во јуни годинава, Офтедал и Нилсен беа изгласани од играчите, тренерите, навивачите и медиумите за „Тимот на сезоната“ за 2023/24 година – првиот чекор, за на крајот да станат и МВП на сезоната.
Стине Офтедал Дамке е еден од најуспешните норвешки ракометарки, Стине Офтедал Дамке се повлече од ракометот по Олимписките игри во Париз 2024 година, по славната кариера која вклучуваше повеќе трофеи во клупските натпреварувања и со националниот тим. Заедно со Норвешка, Офтедал Дамке освои пет титули на ЕП – во 2010, 2014, 2016, 2020 и 2022 година – и три трофеи на Светското првенство – во 2011, 2015 и 2021 година.
Сезоната 2023/24 беше последна за Офтедал Дамке, која ја заврши својата клупска кариера на високо ниво откако ја освои третата титула во Лигата на шампионите со Ѓер. На EHF FINAL4 во Будимпешта, таа се покажа како еден од клучните играчи, помагајќи им на своите соиграчи со серија клучни асистенции и постигнувајќи три гола во полуфиналето против Тим Есбјерг. Норвежанката ја доби наградата МВП за нејзиниот извонреден настап за време на последниот викенд од највисокото натпреварување.
Емил Нилсен н 27-годишна возраст се етаблира како еден од најистакнатите голмани во ракометот, што се покажа како клучен за успехот на неговите тимови и на клупски и на репрезентативен план.
Во јануари, на ЕП 2024, Нилсен го заврши турнирот со вкупна ефикасност од 39,5 проценти одбранети топки, вклучително и неверојатен настап во финалето против Франција. И покрај тоа што Данска го загуби овој натпревар, Нилсен ја доби наградата за играч на натпреварот. Само седум месеци подоцна, Нилсен беше дел од тимот што го освои златото на Олимписките игри во 2024 година.
На клупски план, Нилсен моментално e со еден од најуспешните тимови во историјата, Барса. Во 2023/24 година, данскиот голман ја освои својата прва титула во Лигата на шампионите во ЕХФ, откако мораше да се задоволи со третото место во претходната сезона.