ЕХФ го суспендираше три години затоа што уплатил тикет за 1 евро!

Ракометниот суд на Европската ракометна федерација (ЕХФ) кон средината на месец декември донесе одлука за случајот отворен против хрватскиот судија Матија Губица.

Губица беше прогласен за виновен за прекршување на основните обврски наведени во Кодексот на однесување на ЕХФ и Етичкиот кодекс на ИХФ.

Ракометниот суд одлучи Губица да биде суспендиран од три години и нема да биде делегиран на натпреварите на европската ракометна куќа.

Според информациите на хрватскиот портал „24 Сата“, суспензијата на Губица е поради обложување на натпревари. Имено, на неговиот мобилен телефон биле пронајдени докази дека се обложувал.

Плаќањата наводно изнесувале само едно евро и не се знае точно за кои натпревари станува збор, но случајот не е пријавен како кривично дело, што значи дека Губица не се обложувал на натпреварите кои ги судел.

За потсетување, две третини од тригодишната суспензија се условна казна, а периодот на суспензија се смета од 1 јуни 2023 година. Дополнително, Матија Губица ќе плати казна од 6.000 евра за прекршоците.

Против неговиот партнер Борис Милошевиќ нема никаква дисциплинска постапка. Двајцата судии во 2022 година беа прогласени за најдобра судиска двојка.

ЕХФ суспендираше судија на три години, а не ги откри причините!