ДЕНЕСКА НА ТЕРЕНИТЕ: „Трофеј Македонија“, Супер лига, Прва лига, ЕХФ Евро Куп…

Денеска ќе има многу натпревари на македонските терени. Во СРЦ „Билјанини Извори“ ќе се играат последните две средби од „Трофеј Македонија“.

Црна Гора и Србија ќе го отворат последниот ден со меч од 17:00 часот, а ако слават Црногорките ќе бидат на чекор до трофејот.

Хрватска и Македонија ќе играат од 19:00 часот, а доколку слават и Хрватките ќе бидат во конкуренција за трофеј, но ќе решава гол-разликата.

Во Супер машката лига ќе се играат два меча, во Богданци гостуваат „сино-белите“ од Автокоманда, додека во Струга ќе гостува Бутел Скопје и таму се очекуваат возбудувања.

Во Првата машка лига ќе има две средби – во Македонска Каменица и во Штип.

На европска сцена се игра Ф4 во ЕХФ Евро Купот во Романија, а денеска на програмата се двете полуфинални средби.

ДЕНЕСКА НА ТЕРЕНИТЕ:

13:15 Норвешка – Унгарија (ЕХФ Евро Куп)
16:00 Данска – Романија (ЕХФ Евро Кп)
16:00 Текстилец – Партизан Гевгелија (Македонија)

17:00 Србија – Црна Гора (Трофеј Македонија)
18:00 Сокол Саса – Вардар Неготино (Македонија)
18:30 Струга – Бутел Скопје (Македонија)
18:30 Младост Богданци – Алкалоид (Македонија)
19:00 Македонија – Хрватска (Трофеј Македонија)