ЕХФ ги делегираше Начевски – Божиновски за силниот турнир во Франција

Македонската судиска двојка Виктор Начевски и Даниело Божиновски ќе ја имаат честа да ја делат правдата на силниот турнир во францускиот град Стразбур.

За Начевски и Божиновски ова е посебно признание од ЕХФ, но и доказ дека европската ракометна куќа верува во овие млади судии кои имаат и ИХФ значка.

На турнирот во Стразбур, освен домаќинот Франција, ќе настапат уште репрезентациите на Португалија и Чешка.

Турнирот ќе започне на 8 јануари, а ќе заврши на 10 јануари. Начевски и Божиновски ќе судат на натпреварот Франција – Чешка и Франција – Португалија.

Сите три репрезентации овој турнир ќе го искористат за добра подготовка пред настапот на Мундијалот 2025.