Егзотичен трансфер во Јапонија: Павел Пачковски потпиша за клубот предводен од Ларс Валтер

Полскиот интернационалец Павел Пачковски од наредното лето ќе има нов предизвик во богатата кариера.

Десниот бек ќе се пресели во јапонскиот тим Тојота Ауто Боди, кој е предводен од данскиот стратег Ларс Валтер.

30-годишниот Пачковски заминува од Келце и ќе игра за тимот на екс тренерот на Еурофарм Пелистер, што е лидер на табелата во Јапонија.

Полјакот освен за Келце и Висла Плоцк, играше за францускиот Данкерк, украинскиот Мотор Запорожје, унгарскиот Веспрем и белорускиот Мешков Брест.