Египетски плејмејкер потпиша за АЕК Атина

Екипата на АЕК Атика во продолжението од тековната сезона ќе биде посилна со младиот Омар Салем.

Египѓанецот во редовите на АЕК Атина пристигна од Диомидис Аргус, клуб во кој што играше од почетокот на сезоната.

21-годишниот ракометар настапува на позицијата среден бек и би требало да биде од голема помош за клубот од грчката престолнина.

АЕК Атина моментално се наоѓа на 2. позиција во грчкиот шампионат со 27 бодови, исто толку има и лидерот Олимпијакос, но амбициозниот тим има натпревар помалку.

Како што е познато, тимот на АЕК Атина беше елиминиран во групната фаза во Лигата на Европа и во следниот период е целосно посветен на домашните обврски.