Египет и Пастор се разделија, Пасквал ги презема „фараоните“

Египетската федерација на социјалните мрежи ја потврди разделбата со шпанскиот стратег Хуан Карлос Пастор.

Шпанецот ги водеше „фараоните“ на Африканското првенство до злато, а потоа Египет играше и во четвртфиналињата на ОИ 2024 и СП 2025.

Сепак таму беше елиминиран и на крајот завршуваше на петтото место, па веројатно тоа што не беше направен чекор напред беше клучниот фактор што Египет не ја продолжи соработката со Пастор.

Сепак шпанската низа на селектори ќе продолжи, бидејќи претходно Египет го водеа Давид Дејвис и Роберто Парондо, а после Пастор клупата треба да ја преземе Чави Пасквал.