Еден странец помалку: Еурофарм Пелистер и Давајес спогодбено ја прекинаа соработката

Португалскиот интернационалец Вилсон Давајес, кој пред скоро две години го засили составот на Еурофарм Пелистер, не е повеќе член на македонскиот шампион.

Средниот бек и раководството на битолчани спогодбено го раскинаа договорот кој траеше до крајот на оваа сезона.

Португалецот воопшто не беше во плановите ниту на актуелниот стратег Бранко Ангеловски, ниту на претходните тренери на битолчани, па логична беше разделбата.

На средната бековска позиција Еурофарм Пелистер ги има Марио Танкоски, Домен Тајник, Каспер Кисум, а тука често игра и Филип Кузмановски.

Македонскиот првак ги заврши обврските во Лигата на шампионите оваа година, а пред паузата, го чека уште Куп дуелот со Шампион и средбата со Прилеп од Супер лигата.