Еден прволигаш меѓу сите суперлигаши – еве ги шеширите пред ждрепката за групите во Купот

По одигрувањето на 15 натпревари од елиминациското коло во Купот на Македонија, познати се шеширите пред ждрепката за групната фаза.

Актуелниот освојувач на трофејот во Купот, Вардар, ја прескона првата рунда и ќе се приклучи во март.

„Црвено-црните“ ќе бидат во првиот шешир заедно со екипите на Вардар и Тиквеш, како и „сино-белите“ од Автокоманда.

Покрај 15 суперлигашки тимови, ќе има и еден актуелен прволигаш, Радовиш, кој ќе ја брани честа на прволиигашите во групната фаза.

Натпреварите по групи ќе се играат во март, по принципот полуфинале и финале, а само победниците ќе обезбедат пласман на Ф4 турнирот во мај.

Куп на Македонија, елиминации:

Борец – Пролет 11-49
Прилеп – Јехона  40-17
Куманово – Текстилец 28-21
Астраион – Струга 18-25
Голден Арт –  Аеродром 37-27
Бутел Скопје – Македонија ЃП 49-26
Драчево – Алкалоид 26-44
Партизан Гевгелија – Тиквеш 20-56
Еурофарм Пелистер 2 – Овче Поле 48-23
Еурофарм Пелистер – Шампион 57-16
Преспа Вардар – Радовиш 22:41
Бисинов – Мулти Есенс 24-39
Кичево – Вардар Неготино 21-41
Младост Богданци – Охрид 19-34
Металург РА – Скопје 28-29

Куп на Македонија, групи, ждрепка:

шешир 1: Еурофарм Пелистер, Алкалоид, Вардар, Тиквеш
шешир 2: Бутел Скопје, Охрид, Еурофарм Пелистер 2, Пролет
шешир 3: Голден Арт, Струга, Прилеп, Куманово
шешир 4: Скопје, Вардар Неготино, Радовиш, Мулти Есенс