Селекторот на женската репрезентација на Романија, Флорентин Пера, остана без клупскиот ангажман.
Тој доби отказ од еден од најбогатите клубови Глорија Бистрица, по серијата лоши резултати во Лигата на шампионите, но и по трите порази во серија во романскиот шампионат.
Глорија загуби на гостински терен со гол во последната секунда со 25-24, а овој пораз само го забрза процесот што одамна беше најавен.
Иако буџетот на клубот е повеќе од четири милиони евра, иако има дури 25 ракометарки на платен список, сепак резултатите не се според очекувањата, па Пера мораше да добие отказ.
Негов наследник ќе биде досегашниот асистент, Мариус Нованц.