Eвропскиот шампион останува без тренер на крајот на сезоната – се сели кај големиот ривал

Европскиот шампион Ѓер, на крајот на сезоната ќе треба да ангажира нов тренер откако беше официјално потврдено дека досегашниот Габор Дани не го продолжи договорот.

Се погласно се споменува опцијата за камбек на Амброш Мартин на клупата на Ѓер, додека Дани ќе биде тренер на големиот ривал од унгарскиот шампионат, Шиофок.

Помошник на Дани во новиот клуб ќе му биде сегашнинот прв стратег, Здравко Зовко. Ваквата тренерска рокада беше изненадувачки за унгарската јавност, бидејќи наголемо се зборува за намалените вложувања и финансиските проблеми во клубот.

Дани со Шиофок потпиша тригодишен договор со можност за продолжување на истиот. Амбициите на Шиофок се повторување на успехот на минатата сезона односно освојување на најмалку второто место на домашна сцена и освојување на титулата во Лигата на Европа.