ПАОК на Боризовска се пласира на завршниот турнир во грчкиот Куп

Екипата на ПАОК Солун обезбеди место на завршниот турнир во Купот на јужниот сосед на Македонија.

Тимот каде што игра македонската интернационалка Александра Боризовска во четвртфиналето славеше против Атинаикос со 38-14.

Боризовска беше стрелец на два гола на овој натпревар и ќе има можност да се бори за нов трофеј во Грција.

Завршниот турнир ќе се игра на 9 и 10 март. Во првото полуфинале ПАОК ќе игра против Панорама, додека во второто полуфинале Неа Јонија ќе се соочи со Артас.