Двајца пелистерци на списокот на Доборац за квалификациите за ЕП 2026

Двајца ракометари на Еурофарм Пелистер, Алем Хаџиќ и Павле Петровиќ, се најдоа на списокот на селекторот на Босна и Херцеговина, Дамир Доборац, за квалификациите за ЕП 2026.

Хаџиќ и Петровиќ се дел од поширокиот список, а босанскиот селектор допрва ќе реши дали ќе смета на нив за завршните подготовки.

Младиот Хаџиќ со последните игри го сврте вниманието кон себе и можеби ќе добие шанса и кај сениорите, додека Петровиќ е во втор план и не игра многу за македонскиот првак.

Доборац ќе ги има на располагање браќа Буриќ од Фленсбург, односно Скјерн, потоа Чордалија од Келце, Периќ од Целје, Фаљиќ од Загреб…а најголем дел од ракометарите се од домашното првенство.

Босна и Херцеговина ја очекува тешка задача во квалификациите за ЕП 2026. Ќе го пречека дома Исланд, а ќе и гостува на Грција во можеби решавачкиот натпревар за двете селекции околу пласманот на континенталниот собир.

Прв е Исланд со осум бода и веќе на ЕП, Грузија е втора со четири бода, додека БиХ и Грција имаат по два.