Дувњак и Кил во љубов до 2025 година!

Хрватот Домагој Дувњак, кој од 2014 година го носи дресот на Кил, ќе остане уште една година во германскиот шампион.

Средниот бек и раководството на „зебрите“ се договориле за соработка до летото 2025 година, пишува „Билд“.

Кил ова лето остане без многу ѕвезди, но Дувњак реши да остане и покрај тоа што повеќе ги нема Сагосен, Ландин, Зарабец…

Хрватот и на 35 години игра на високо ниво и е меѓу најдобрите играчи во Лигата на шампионите.

Покрај за неговиот матичен тим Ѓаково, Дувњак играше за Загреб, потоа за Хамбург до 2014 година, а откако ќе го одработи новиот договор со Кил ќе комплетира 11 сезони.