Душебаев: Кога Шпанија испадна од ЕП, ми падна товар од грбот

Репрезентацијата на Шпанија на континенталниот собир во Германија одигра далеку под своите можности и беше елиминирана уште во групната фаза.

Тренерот на Келце, Талант Душебаев, во интервју за рускиот портал „Брз центар“ зборуваше на многу ракометни теми, како и за настапот на „црвената фурија“ на Европското првенство.

Душебаев вели дека шпанската репрезентација не била добро подготвена, па не му било тешко да ја поднеси елиминацијата.

,,Можам да кажам дека кога Шпанија испадна од ЕП, ми падна товар на грбот. Па, не мораа да одат понатаму во онаа состојба. Ќе почнам од моите деца. Алекс беше повреден, Дани не е во солидна форма. Да резимираме, мое мислење е дека сè оди премногу добро за Шпанија во последните години. Од 2012 до 2022 година – 6 првенства по ред. Секогаш се пласираше во полуфиналето. Веројатно веќе се навикнаа. Некаде расположението не беше на ниво, плус, можеби не беа соодветно подготвени за настапот”, изјави Душебаев.

Шпанија за ривал во баражот за пласман на Мундијалот следната година ја доби репрезентацијата на Србија, која ја имаше истата судбина на ЕП.