Дуелот за третото место на ЕП со двојно значење – носи и олимписки билет!

Мечот за третото место на Европското првенство меѓу домаќинот Германија и Шведска ќе има двојно значење.

Покрај бронзениот медал, тој ќе носи и директно место на Олимписките игри во Франција ова лето.

Со оглед на тоа што финалистите Франција (како домаќин) и Данска (како светски првак) веќе имаат место на ОИ, директното место од ЕП ќе се додели на третопласираната селекција.

Германија во полуфиналето загуби од Данска по голема борба, додека Шведска иако го имаше финалето на дофат, по продолженијата загуби од Франција.