Дубрава го отпушти прославениот Шола

Поранешниот селектор на Црна Гора, Владо Шола, доби отказ од хрватскиот суперлигаш Дубрава.

Прославениот голман тренерската функција на Дубрава ја презеде пред шест месеци, а поразот од Замет во Ријека беше причина да биде прекината соработката меѓу двете страни.

Со оглед на тоа што Дубрава се бори за опстанок, јасно беше дека клубот од Загреб ќе го смени 56-годишниот стратег.

Шола ја водеше Дубрава и во периодот од 2017 до 2019, а во следниот период би требало да се знае дали до крајот од тековната сезона ќе предводи некој друг клуб.

Во месец мај, минатата година, си поднесе оставка од функцијата селектор на Црна Гора, откако не успеа со Црногорците да се пласира на Светското првенство 2025.