Драма во Келце – Кил со гол во последната секунда грабна златен бод!

Големото дерби од Лигата на шампионите  во рамки од групата А меѓу екипите на Келце и Кил заврши без победник, 36:36, откако Екберг со гол во последната секунда им донесе голем бод на „зебрите“.

Гостите од Германија во најголемиот дел од натпреварот беа во водство, тимот на Душебаев  во првиот дел водеше само во воведните осум минути, на двапати имаше два гола разлика, но полскиот шампион од 10 минута, па до 50 минута одржуваше резултатска контрола.

Откако Келце бркаше негатива, на девет минути пред крајот успеа да израмни на 30:30. Од тој момент составот на Душебаев беше во игра не само за реми, туку и за освојување на бодовите.

Во 54 минута Алекс Душебаев реализираше за првото водство на Келце во вториот дел, погодои за 31:30. Кил за момент ја врати контролата, поведе со 32:31, но во финишот само нијанси одлучуваа како ќе заврши неизвесниот дуел. Двете екипи наизменично се менуваа во водство, тимот на Келце беше пред победа, но Екберг со гол во последната секунда ги постави конечните 36:36.

Кил во 12. коло за ривал го има македонскиот шампион Еурофарм Пелистер, кој денес беше поразен од ПСЖ. Избраниците на Талант Душебаев во следното коло ќе гостува во Унгарија кај незгодниот ПИК Сегед.

ПозЕкипаНПРЛБ.
1КИЛ14102222
2АЛБОРГ1483319
3ПСЖ ХЕНДБОЛ1481517
4КЕЛЦЕ1464416
5ППД ЗАГРЕБ1462614
6ПИК СЕГЕД1461713
7КОЛСТАД1451811
8ЕУРОФАРМ ПЕЛИСТЕР1400140