Драма во Берлин: Пеналите ќе решат кој ќе игра во Келн

Првиот учесник на Ф4 турнирот во Келн ќе биде решен по изведување пенали, откако дуелот меѓу Берлин и Веспрем заврши со резултат 31-30. На првиот меч резултатот беше 35-34 за Веспрем.

Водеше Берлин со 17-11 во првото полувреме, а во второто се играше „гол за гол“.
Во 57 минута израмнува Веспрем на 29-29, прво израмнување на средбата. Ласе Андерсон погоди за ново водство на Берлин во 57 минута, 30-29.
Имаа гостите пенал, но Дескат не го реализираше пеналот чиј удар го одбрани дејан Милосављев.

На спротивната страна Берлин доби пенал, атој заврши во мрежата за водство 31-29, и имаа предност што ги водеше на Ф4 во Келн. На почетокот на последната минута тренерот Чави Пасквал побара тајмаут, и имаа напад кој мораа да го реализираат за да с епонадеваат барем на изведување пенали.

Хешам погоди за 31-30, и остануваа 20 секунди до крај, и сега Крикау мораше да бара тајмаут, за последниот напад кој можеше да им донесе пласман на Ф4 во Келн. Им требаше погодок, зашто со победа од еден гол, ќе се изведуваа пенало.