Драчево со уште две засилувања ќе брка елита

Прволигашот Драчево донесе уште двајца нови ракометари пред стартот на плеј-офот кој ќе го даде патникот за Супер лигата.

По средниот бек Петар Ферукоски, нови имиња во составот на Велимир Настески се Кристијан Ангелковски и Филип Димевски.

Ангелковски, кој настапува на позицијата кружен напаѓач, се врати во Драчево, откако и лани беше дел од овој тим.

Во меѓувреме мина една полусезона во суперлигашот Аеродром, а претходно има настапувано за Вардар Јуниор и Работнички.

Димевски игра на левата крилна позиција и доаѓа во Драчево од составот на Јуниор Кисела Вода.

Драчево го заврши регуларниот дел од Првата лига со 11 победи и 3 порази, на второто место на табелата во групата А и ќе пренесе два бода во плеј-офот.