Драчево oдработи рутински против Шампион

Ракометарите на Драчево ја забележаа втората победа во третиот натпревар од прволигашкиот плеј-оф, откако славеа на гости кај Шампион со 38-30.

Победникот беше решен уште по првото полувреме, кога избраниците на Велимир Настески имаа предност од девет гола, 23-14.

Во вториот дел директен црвен картон доби Дебрешлиоски од Шампион поради остар старт, но и Дука од Драчево поради три исклучувања.

Сепак ова немаше влијание на резултатот, па Драчево само рутински ја доработи задачата до крајот за нови три бода.

Најдобри стрелци во победничкиот тим беа Петковски со осум и Дука со седум погодоци, додека кај Шампион се истакна Ненад Богоевски со девет.

Драчево сега има осум бода на второто место на табелата зад Бисинов, а во следната рунда ќе го пречека токму велешкиот тим. Шампион се уште нема бодови, а наредниот викенд му гостува на Металург РА.