Селекторот на женската репрезентација на Македонија, Кристијан Грчевски, направи една промена во составот пред пријателските натпревари во ЕХФ неделата.
Дополнителен повик имаше за левиот бек на Металург Автокоманда, Теодора Гулицоска, а оваа акција ќе ја пропуштат две ракометарки.
Станува збор за Милица Николиќ од Ѓорче Петров и Ивана Џатевска од Чаир, кои се повредени и нема да играат против Велика Британија.
Натпреварите ќе се играат на 25 и 26 ноември, а на овој двомеч за Македонија ќе играаат само ракометарки од домашното првенство.
Оваа ЕХФ недела ќе биде искористена да се проверат можностите на дел од ракометарките кои беа дел од кадетската и младинската селекција на ЕП ова лето.