Доминик Кузмановиќ од 2025 година се сели во Бундес лигата!

Еден од најталентираните голмани во Европа, Доминик Кузмановиќ, од летото 2025 година би требало да се пресели во бундеслигашот Гумерсбах, пишува „Билд“.

Чуварот на мрежата на Нексе има договор со актуелниот клуб уште една сезона и ќе го одработи до крај пред да замине во Германија.

Славниот германски клуб е на добар пат да се врати во „горниот дом“, а од ова лето го врати во својот состав и францускиот интернационалец Кентан Мае.

Кузмановиќ, кој експлодира на ЕП 2024, беше значајна алка во хрватскиот состав и на квалификациите за ОИ 2024, афирмацијата ја стекна преку Нексе во последните неколку сезони.