Германската федерација ги одреди премиите за ракометарите за успешен настап на Европското првенство.
Како што пишува „Билд“, ако Германците го освојат златниот медал, секој од ракометарите ќе добие по 30.000 евра.
За втората позиција ќе добијат по 25.000 евра, за бронза по 18.000 евра, а за четврто место по 12.000 евра.
Исто така предвиден е специјален бонус. Ако Германија влезе во главната рунда без пораз, односно без загубен бод ќе добијат по дополнителни 20.000 евра, но ако биде исполнет условот со влез во полуфиналето.
Домаќинот Германија е еден од ривалите на Македонија во групната фаза, а во групата се уште и Франција и Швајцарија.