Доленец останува во Франција, но ќе има нов клуб

Според пишувањата на „Handball basse“, репрезентативецот на Словенија, Јуре Донелец, ќе го промени клубот на лето.

Доленец, кој моментално го носи дресотна Лимож, во следната сезона ќе се пресели во редовите на Сент Рафаел.

Новиот клуб на Доленец во француската лига се бори за едно од местата кои што водат во Европа.

Десниот бек долго време настапува во Франција, откако претходно беше член на Монпелје, а дел од кариерата мина и во Барселона.