Добија голема доверба – Косово ќе организира два ЕХФ шампионати!

Европската ракометна федерација ги додели домаќинствата на двата ЕХФ шампионати кои треба да се играат претстојното лето.

Косово ќе биде домаќин и на младинскиот ЕХФ шампионат во јули и на еден од двата кадетски ЕХФ шампионати во август. Кај кадетите, ЕХФ шампионат ќе организира и Словачка.

На младинскиот ЕХФ шампионат од 13 до 21 јули ќе играат 12 селекции. Покрај домаќинот Косово, учесници се Белгија, Бугарија, Естонија, Финска, Велика Британија, Грузија, Летонија, Луксембург, Литванија, Словачка и Турција.

На кадетскиот ЕХФ шампионат од 12 до 18 август во Косово ќе играат седум репрезентации, додека на оној во Словачка во истиот термин ќе играат осум селекции.

Двете македонски репрезентации, кадети и младинци, по подолго време не се дел од ЕХФ шампионати и ќе играат во највисокиот ранг – на Европските првенства во Словенија и Црна Гора.