Динамо Букурешт се посилен – доаѓа Трастарсон од Келце!

Откако го обелоденија трансферот на Јоав Ламбросо од Ајзенах, раководоството на Динамо Букурешт се договори со уште еден среден бек.

Според „Hanball Basse“ станува збор за исландскиот репрезентативец Хаукар Трастарсон, кој доаѓа од полскиот Келце.

Со оглед на заминувањата на Кукиќ и Циндриќ, новиот тренер на Динамо, Давид Дејвис, посакуваше две квалитетни имиња на плејмејкерската позиција.

Претходно романскиот шампион се засили со голманот Јанку, десното крило Ѓукиќ, пикерот Ладефогед, како и бековите Вујовиќ и Лангаро, а се очекува промоција и на десниот бек Григорас.

Динамо Букурешт е ривал на Еурофарм Пелистер во Лигата на шампионите.