Динамо Букурешт нема трпение – му спрема отказ на Дејвис!

Романскиот шампион Динамо Букурешт му подготвува отказ на тренерот Давид Дејвис на крајот на оваа сезона, пишува „Фанатик“.

По поразот од Еурофарм Пелистер во Лигата на шампионите, УО на клубот имало итен состанок, на кој било решено дека Дејвис нема да ја одработи следната сезона иако има договор до 2026.

За ваквата одлука сигурно влијае серијата порази во елитното натпреварување, бидејќи Динамо Букурешт на домашната сцена доминира.

Претседателот на романскиот првак, Јонут Попа за тамошните медиуми изјави дека веќе има листа на можни наследници на Дејвис, но дека сите се врзани со договори со актуелните клубови.

Динамо Букурешт се уште го нема обезбедено местото во осминафиналето на Лигата на шампионите, а тоа може да го направи со триумф над Висла Плоцк.