Димитриоски го водеше Ваљадолид до триумф над Пуенте Хенил

Тимот на Ваљадолид ја прекина серијата од шест порази во Асобал лигата и славеше против составот на Пуенте Хенил со 26-21.

Предводен од македонскиот интернационалец Димитар Димитриоски, кој даде шест гола и беше најдобар стрелец, Ваљадолид сега повторно се враќа во трката за Европа.

Вториот Македонец во тимот на Ваљадолид, Дарко Димитриевски постигна еден погодок во важната победа.

Момците на екс вардаровиот стратег, Давид Писонеро, сега имаа 21 бод и се наоѓаат на 10 место, а во следното коло ќе игра на гости кај Бенидорм.