Тимот на Орнео Аликанте, каде што настапува македонскиот интернационалец Дарко Димитриевски, со победа ја затвори 2024 година.
Аликанте славеше на домашен терен во дербито против екипата на Бургос со 26-25 во натпреварот од 15 коло од Дивизион де Онор Плата.
Димитриевски имаше важна улога во големата победа над директниот конкурент за првото место и постигна три погодоци.
Орнео Аликанте и натаму е прв на табелата со 23 бода, но сега Сиудад Реал се израмни со тимот на Димитриевски, Бургос е трет со 21, а на делба на четвртото место се Барселона 2, Сагунто и Синфин Сантандер со по 19.
Сега следува пауза во Шпанија, а следен предизвик за Македонецот и неговиот тим ќе биде на домашен терен против Ланцароте на 19 јануари.