По Бранка Јовановиќ, која ги тренира голманите на Ростов Дон, уште една поранешна ракометарка на Кометал Ѓорче Петров стана членка на стручниот штаб на Ирина Дибирова во рускиот вицепрвак.
Станува збор за Наталија Дерепаско, која по ангажманот во тимот на АГУ Адиф од Мајкоп, се пресели во Ростов Дон.
Некогашниот лев бек на Спартак Киев, Кометал Ѓорче Петров и Крим, ќе има нов тренерски предизвик во рускиот шампионат.
Дерепаско откако ја заврши играчката кариера во италијанскиот Банколе, две сезони ја водеше екипата на Љубљана, потоа од 2016 до 2021 година беше асистент тренер во Крим, а една сезона и главен тренер. Во 2022 ја презема екипата на Феникс во Русија, пред да замине во АГУ Адиф.
Сега Ирина Дибирова покрај Јовановиќ, ќе ја има и Дерепаско во својот стручен штаб, а таму е уште и Дмитри Ковалев, како и кондицискиот тренер што работеше во Вардар, Даниел Јурашиќ.