Џонов: Сега треба да се одмориме и да направиме анализа

Македонија славеше против Гвинеја со 29-20 и се пласираше во главната фаза на Мундијалот во Хрватска, Данска и Норвешка.

Иван Џонов ја коментираше победата над Гвинеја и ги пофали македонските навивачи кои беа присутни во арената во Вараждин.

,,Победивме на натпревар, во кој што бевме фаворити. Малку ни беше тешко на отворањето, но знаевме дека ќе биде така по првите два меча кои беа доста тешки за нас. Имавме лош старт, но како одминуваше времето презедовме контрола и победивме како што заслужувавме. Публиката беше феноменална, морам да ја поздравам. Тие се наш осми играч, ни даваат ветер во грб дури и кога не ни оди. Сега на ред ни е малку да се одмориме, да напарвиме анализа, за спремно да влеземе во вториот круг.“

Македонија во главната фаза ќе се соочи со репрезентациите на Австрија, Катар и Франција.