Македонската репрезентативка Ивана Џатевска имаше важна улога во големиот бод што нејзиниот Сомбатељ го освои против Дунајварош, 31-31.
При водството на гостите со 26-23, нашиот кружен напаѓач врза да гола во серија, го врати во игра Сомбатељ, кој на крај се избори за реми.
Џатевска беше меѓу најдобрите домашни ракометарки, имаше пет гола од шест обиди, како и значаен придонес во одбраната.
Сомбатељ останува на петтото место со 16 бодови, а следен предизвик за Џатевска ќе биде гостинската средба со нејзиниот екс тим тим Кишварда.