Џатевска без грешка во дуелот против Будаорш

Македонската репрезентативка Ивана Џатевска и нејзиниот тим Кишварда во натпревар од 18. коло од шампионатот на Унгарија беа поразени од Будаорош.

Тимот на Џатевска не успеа да се израдува на 6-ти сезонски триумф и беше поразен со четири гола разлика, 21:17.

Џатевска во дадената минутажа на теренот одигра без грешка, имаше два погодоци од исто толку обиди.

Кишварда моментално се наоѓа на 11. позиција во најквалитетното натпреварување во Унгарија, на свое конто има 11 бодови.

Следен предизвик за Џатевска и Кишварда е соочувањето со гигантот Ѓер.