Десподовска продолжува со одличните партии во Полска

Македонската интернационалка Зорица Десподовска и во новата натпреварувачка сезона продолжува со одлучните партии во полскиот шампионат.

Десподовска и тимот на Кобержице во натпревар од 10. коло забележаа важна победа над Елблаг, триумфираа со пет гола разлика, 38:33.

Екс ракометарката на Металург беше една од најдобрите на теренот и во мрежата на домашниот тим погоди седум пати.

Кобержице со новата победа дојде до 24 бода, ист број на бодови има и Љубин, додека актуелниот лидер Заглебје има 30.

Тимот на Десподовска веќе има обезбедено пласман во плеј-офот, односно во разигрувањето за титулата.