Деспина супериорна против „фенерџијата“

Ракометарките на Деспина со убедливата победа над Гевгелија од 25:12 се израдуваа на втор сезонски тирумф и ги зголемија шансите за подобар пласман на табелата во единственото женско натпреварување.

Клучниот период на мечот беше периодот од 10 до 25 минута, период во кој домаќинките целосно го запреа гостинскиот состав и не му дозволија да постигне гол.

Прилепчанки победата ја обезбедија уште во првиот дел кога од 3:3 направија серија од 8:0, се одлепија на 11:3 и рутински го одиграа останатиот дел од натпреварот, во кој гостинките немаа сили и веќе означија капитулација.

Деспина на полувреме замина со резултатска предност од 12:4 и во вториот дел немаше поголеми проблеми, одигра како на тренинг и дојде до победа од 13 гола разлика.

Тренерот на Деспина, Страшо Илиески, одлично ја распореди минутажа во својот табор и шанса на теренот имаа речиси сите ракометарки од клупата.

Најефикасна во победничката екипа беше Евгенија Цаневска со шест погодоци, по три постигнаа Елена Рипилоска и Лилјана Димитрова. Кај Гевгелија прв стрелец беше Елена Динева со четири погодоци.

ПозЕкипаНПРЛБ
1ЧАИР880024
2АСТИБО850315
3СКОПЈЕ841313
4МРК ЃОРЧЕ ПЕТРОВ82157
5СТРУЖАНКА80080