Ракометарките на Деспина прославија убедлива победа против Јехона со 34-14 во натпреварот од 24 коло од Првата лига.
Прилепчанки со новите бодови се зацврстија на четвртото место и сега имаат 22 бода, без големи шанси за напредок до крајот на сезоната.
По дваесетина минути беше 16-1 и стана јасно каков меч ќе гледаме до крајот, а до паузата Деспина поведе со 21-2.
Второто полувреме беше само формално одработување на задачата, а шанса добија сите ракометарки од двата тима.
Најдобри стрелци во победничкиот тим беа Анастасија Јованоска, Матеа Христоска и Весна Христоска со по пет гола, а четири за Јехона даде Монера Муслиу.

























