Десетка за Петровски, Металург РА победнички низ Ѓорче Петров

Тимот на Металург РА забележа триумф на гостувањето кај Македонија Ѓорче Петров со 34-28 во натпревар од 13 рунда од прволигашкиот плеј-оф.

Гостинскиот состав предводен од Филип Петровски со десет погодоци, немаше преголеми проблеми во Ѓорче Петров.

Домашните ракометари пружија отпор во поголем дел од првото полувреме, водеа во два наврати со по три гола, но попуштија пред паузата и Металург РА направи пресврт.

По првиот дел момците на Александра Кузмановска имаа плус пет, 17-12, која се покажа како доволна до крајот.

Покрај Петровски, меѓу најдобрите во победничкиот тим беа Стевков и Крстаноски со по пет гола, додека кај Македонија ЃП, се истакна Ѓиноски со осум погодоци.