Десетка за Димитријев, Текстилец со три бода се враќа од Велес

Текстилец според очекувањата славеше на гостувањето во Велес кај Борец со убедливи 39-18 во натпревар од 9 рунда во Првата лига.

Штипјани кои беа предводени од Бобан Димитријев со десет гола, уште на стартот поведоа со 11-1 и беше јасно каков меч ќе се игра до крајот.

До паузата Текстилец успеа да стигне до плус 15, 21-6, а вториот дел го одработи рутински без никакви проблеми.

Велешани постигна дупло повеќе голови во второто полувреме отколку во првите триесетина минути, но тоа не беше доволно за нешто повеќе од пораз.

Покрај Димитријев, во дресот на Текстилец, седум гола даде Џинес, додека кај Борец се истакна Богдановски со пет погодоци.