ДЕНЕСКА НА ТЕРЕНИТЕ: Завршува групната фаза во Лигата на Европа

Денес ќе се одигра последното коло во рамки  од групната фаза во Лигата на Европа, по што ќе бидат познати сите патници во главната фаза.

Екипата на Бенфика, во која настапува репрезентативецот на Македонија, Филип Талески, за последен ривал го има Кристијанштад.

Португалскиот тим ќе посакува со победа да го заврши настапот на европска сцена, бидејќи на пет одиграни натпревари оствари само една победа, додека Кристијанштад нема освоени ни бод.

Свој настап ќе има и Бојан Маџовски, кој со Ловќен ќе имаат тежок предизвик во последното коло. Црногорскиот шампион ќе гостува кај еден од фаворитите за освојување на титулата – Фленсбург.

Македонскиот вицепрвак последниот настап на европска сцена за оваа сезона ќе го има против Ла Риоха. Избраниците на Кире Лазаров се веќе елиминирани во второто по ранг европско клупско натпреварување.

На Светското првенство 2023, кое се одржува во Данска, Шведска и Норвешка, ќе се одиграат последните четири натпревари од групната фаза.

ДЕНЕСКА НА ТЕРЕНИТЕ:

18:00 КИНА – СЕНЕГАЛ (СВЕТСКО ПРВЕНСТВО)

18:00 СРБИЈА – ЧИЛЕ (СВЕТСКО ПРВЕНСТВО)

18:45 АЛКАЛОИД – ЛА РИОХА (ЛИГА НА ЕВРОПА)

18:45 СИЛКЕБОРГ – ВОЈВОДИНА (ЛИГА НА ЕВРОПА)

18:45 ДИНАМО – ШАМБЕРИ (ЛИГА НА ЕВРОПА)

18:45 ФЛЕНСБУРГ – ЛОВЌЕН (ЛИГА НА ЕВРОПА)

18:45 ГОРЕЊЕ – САВЕХОФ (ЛИГА НА ЕВРОПА)

18:45 ЛУЦЕРН – АЕК (ЛИГА НА ЕВРОПА)

18:45 КРИСТИЈАНШТАД – БЕНФИКА (ЛИГА НА ЕВРОПА)

18:45 ТАТАБАЊА – ХОБРИ ГЛОГОВ (ЛИГА НА ЕВРОПА)

20:30 ДАНСКА – РОМАНИЈА (СВЕТСКО ПРВЕНСТВО)

20:30 ШВЕДСКА – ХРВАТСКА (СВЕТСКО ПРВЕНСТВО)

20:45 БРАГА – НЕКСЕ (ЛИГА НА ЕВРОПА)

20:45 КУЕНКА – ВИНТЕРТУР (ЛИГА НА ЕВРОПА)

20:45 ЕЛВЕРУМ – КАДЕТЕН (ЛИГА НА ЕВРОПА)

20:45 ФУКСЕ БЕРЛИН – ИЗВИЃАЧ (ЛИГА НА ЕВРОПА)

20:45 НАНТ – РАЈН НЕКАР (ЛИГА НА ЕВРОПА)

20:45 ПОВАШКА БИСТРИЦА – СКЈЕРН (ЛИГА НА ЕВРОПА)

20:45 СПОРТИНГ – КОНСТАНЦА (ЛИГА НА ЕВРОПА)

20:45 ГОРЊИК ЗАБЖЕ – ХАНОВЕР (ЛИГА НА ЕВРОПА)